Македонија

Времето ќе биде невообичаено за овој период од годината – што нѐ очекува неделава

Невообичаено топлото време за овој период од годината, благодарение на топлиот метеоролошки феномен “Ел Нињо” ќе продолжи и во текот на оваа недела, температурите и понатаму речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели повремено тие ќе се искачуваат  и до пролетни 20 степени.

Сепак ќе има повеќе облачност, а нов, овој пат поголем влажен воздушен бран од Медитеранот очекуваме од четврток. Овој влажен бран локално ќе донесе пообилни врнежи од дожд и позначително количество на воден талог. Сето ова повторно ќе биде проследено со засилен ветер од југоисточен правец, најиздразен долж Повардарието.

Во Скопје исто така очекуваме слично време како и во останатите предели од државава.

Мора да напоменеме дека поради изразеното јужно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија, како и во поголем дел од Европа и Балканот се очекува транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена. Се очекува значително да ја има оваа прашина  и песок од Сахара.

На почеток