Видео и Фото

(Видео) И на Арсовска повеќе не и е Нова година, втора недела го откитува Скопје

Еден месец по празничните новогодишни денови, а втора недела по ред – трае откитувањето на скопските улици. Касното украснување, донесе и касно откитување. Фирмата која ги постави сијаличките треба да добие 30.000 евра. Дел работеа, дел не – но во градот имаше празнична магија. Истовремено, во тек е истрагата за Данела Арсовска, на која во Град Скопје ѝ влезе Финансиска полиција.

Си отиде и Дедо Мраз со кого Арсовска играше шах додека инспекторите ровареа по канцелариите. „Скопје1“ го праша директорот на Финансиска полиција, Горан Иванов дали утврдиле законски прекршувања од страна на Градот и Арсовска со склучување на договорот со фирмата-украсувач. Оттаму очекуваме одговори.

Градот беше накитен на крајот од декември. Поради ова, Арсовска најави дека следната Нова година, ќе го украсува од октомври за да нема критики.

На почеток