Крвично тепање во Тетово: два сучаи на семејно насилство – син натепал татко, а сопруг нападнал сопруга


За еден ден, во полиција се пријавени на случаи на семејно насилство.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Н.(25) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ во врска со семејно насилство и „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство. На 07.02.2024, пријавениот физички го нападнал неговиот 48 – годишен татко и му упатил закани.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.М.(28) од с.Ново Село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство. На 13.11.2023 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата 25-годишна сопруга и ѝ нанел повреди.
