Македонија

Кoтевски: Ова не шоуто „преживување“ живи луѓе се во прашање

„Почитувани, што доби Битола од оваа коруптивна, криминална, предавничка и тотално неспособна власт?“, вели Николче Котевски, секретар на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола:

„Милионски тендери во РЕК Битола на фирми на СДС и ДУИ, поскапа струја и можност околу три илјади луѓе да останат без работа !

Со оваа власт, предводена од ДУИ и нивниот чирак, СДС, најголемиот хаос, директно на грбот на граѓаните е сиромаштијата.

Добивме 50 проценти зголемување на екстремната сиромаштија, а само една четвртина од граѓаните можат едвај да преживеат.

И ова не е обична забелешка и впечаток на ВМРО ДПМНЕ, туку податоци од спроведени истражувања и последици кои секој од нас секој ден ги чуствува.

Трендот на сиромаштијата, за жал, екстремно расте, а причината е незнаење и неспособност, криминал и корупција во прво лице на СДС и ДУИ.

Ништо не оставија и од темел ја разрушија државата.

Очигледна е нефункционалноста на институциите, секој ден се поголем е распадот, а најочигледно и најпотребно, повеќе од секогаш, е нивното заминување од власт и спасување на градот и државата.

Промените мора да се случат, зашто овој пат, буквално голиот живот е во прашање.
Во Македонија е тотален хаос, имаме нефункционални институцции, со право народот вели дека немаме држава.

Ова не е шоуто ПРЕЖИВУВАЊЕ, станува збор за реални, живи луѓе.

Никогаш не било полошо!

Важно е заедно да ги поразиме!

Важно е државата повторно да биде на граѓаните!“

На почеток