Македонија

СДСМ и ДУИ против Законот за продолжување на пасошите, за опозицијата ова се граничи со лудост

СДСМ, ДУИ и НСДП, гласаа против продолжувањето на рокот на важење на пасошите. Законот кој го поднесе опозицијата, со мнозинство гласови не беше усвоен. За гласаа 46 пратеници, а против 54.

,,Пратениците на ДУИ и нивните слуги од СДС дополнително ја влошија состојбата што свесно и намерно ја создадоа со пасошите” вели Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, во 21 век да се ограничува слободата на движење на луѓето, да се кршат уставните права за влез и излез од сопствената држава, свесно да оневозможувате право на лекување болни надвор од нашата држава, да се ограничува правото на секој да може да избира и да биде избран се граничи со лудост.

На почеток