Македонија

Кои пратеници беа против да се продолжи рокот на пасошите, Тошковски: Виновниците имаат име и презиме

Листинзите од гласање на собраниската седница каде се одлучување за продолжување на рокот на важење на пасошите, ги објави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски. Законот не беше излгасан бидејќи мнозинството беше против.

„Виновниците кои буквално притворија стотици илјади граѓани на територија од 26000км2 од денеска имаат конкретно име и презиме, а тоа се сите оние 54 пратеници од СДСМ и ДУИ кои во Собранието гласаа против продолжувањето на важноста на пасошите. Тоа го направија молчешкум, без да дадат разумно образложение водејќи се исклучиво од нивниот партиски интерес, притоа оставајќи ги граѓаните во состојба на несигурност и безизлезност и кршејќи им го основното човеково право на слобода на движење. Но, цената за нивниот молк денеска, ќе ја платат на 8 мај, кога народот многу гласно ќе го каже своето“, напиша Тошковски.

На почеток