Македонија

Има начин да се убедат сите земји да нѐ пуштаат со пасоши без „северна“, но Османи нема таква намера

Без конкретен одговор остана прашањето – дали секоја земја сама си одлучува околу прашањето дали ќе пропушти граѓани на Македонија со важечки пасош без „северна“. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, прашан за коментар, како секаде Македонците можат да одат со пасош без „северна“, ама не можат да излезат од Македонија, тој топката ја префрли кај МВР.

„Тие закони се донесени од МВР дека на 12 февруари 2024 година, пасошите со старото име, стануваат невалидни. Тоа било во функција на имплементација на Уставот“, рече Османи.

И самиот посочува дека постои начин да се убедат земјите да нѐ пуштаат со старите пасоши, но сепак, смета дека тоа не треба да се прави.

„Црна Гора имаше одлука да не ги признае, ама се видов со амбасадорот, па се договоривме Црна Гора да го следи примериот на другите земји од ЕУ. Црна Гора веќе нѐ извести дека ќе ги признаат, односно прифаќаат валидните пасоши. Швајцарија исто така донесе одлука. МНР не треба да се води по тоа да најде алиби, односно решение, за да се одложи примената. Дајте да се фокусираме на подобра организација за повеќе пасоши за граѓаните“.

На почеток