Резулуцијата на САД е само охрабрување за Македонија и земјите членки на ЕУ, Османи очекува Македонија да влезе во семејството до 2030 година
Резолуција на САД со која го поддржа пристапувањето на Македонија во ЕУ е само охрабрување за Македонија, но и порака до ЕУ. Ова е ставот на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој очекува членство на земјава во европското семејство до 2030 година. Посочува дека очекува и преговорите да одат со забрзано темпо.
„Ова ќе биде охрабрување за нас. Преговарачката рамка ги брани нашите позиции и не дозволува историски и идентитски прашања да бидат причина за отворање и затворање на поглавја. Очекувам по изборите да се забрза процесот и до 2030 година, Македонија да биде членка во ЕУ. Резулуцијата е уште една поддршка на процесот. Ќе помогне во охрабрување на земјите членки, порака е до политичките партии во Македнија кои заговараат дека има алтернатива во ЕУ. Процедурите се утврдени, тие се во наш интерес“, рече Османи.
Тој очекува резулуцијата да влијае и врз политичарите кои заговараат излагање од НАТО и алтернатива за ЕУ.
Американските сенатори Питер Велч, Џин Шахин, Пит Рикетс и Том Тилис предложија Резолуција со која САД даваат поддршка за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.Сенаторите ја истакнале силата на трансатлантските односи меѓу САД, Република Северна Македонија и Европа. Во резолуцијата, како што пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Северна Македонија, без дополнителни билатерални услови.