Славески остана без помошничката во Град Скопје: Еве ќе се обидам да се снаоѓам сам


Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, кажа дека помошничката која му помагала на седниците, се пензионирала. Тој се пожали дека сега мора да се снаоѓа сам, оти никој нема овластување за да ја замени помошничката.
„Јас се извинувам, ќе ве молам за разбирање, јас немам тука помошник, Јасминка која беше привремено на оваа функција, се пензионираше. Ниту еден службеник за поддршка на Советот, нема овластување на помага на Советот, па еве ќе се обидам да се снаоѓам сам. Невообичаена ситуација. Јас ги немам точните називи ниту на предлозите“, рече Славески.
Тој побара пет минути пауза, за да се обезбедат точните предлози кои треба да се најдат на седница.
