Давкова лута: Не ми се верува дека 54 пратеници, творци на хаосот, си дозволија да гласаат против загарантирано уставно право
Од
Објавено на
„600 000 луѓе се заробени заради неодговорното однесување на владејачката коалиција!“, вели кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.
„Не ми се верува дека 54 пратеници, творци на хаосот, луѓе кои ги кршат човековите права, меѓу кои и правото на движење си дозволија да гласаат против загарантирано уставно право!
Претседателот на државата не знае што е правото на вето. Тоа не значи дека тој се прави силен, туку значи дека е под Уставот, ги почитува законите и може да примени кочница на законодавната власт кога се работи за лоши закони“, додава таа.