Украина доби оружје од членка на НАТО, а сега стигна неочекуван одговор: „Нема ограничувања за муниција, Киев може да гаѓа цели во Русија“
Украина може да користи оружје обезбедено од Финска за да цели на руска територија, изјавија високи претставници во Хелсинки.
Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен рече дека неговата земја не поставила никакви ограничувања за тоа што Украина може да направи со оружјето што го дава Финска, објави финската телевизија Иле.
„Доколку е потребно, Украина треба да нападне и воени цели на руската страна. Тоа е сосема легитимна одбранбена битка што Украина ја води. Повелбата на ОН дозволува воени цели да бидат нападнати преку копнени граници“, рече Јука Копра, претседател на парламентарната комисија за одбрана на Финска.
Позицијата на Финска се разликува од онаа на другите западни земји, вклучително и Германија, пишува „Политико“ и укажува дека германскиот канцелар Олаф Шолц не ја одобрува испораката на крстосувачки ракети со долг дострел „Таурус“ во Украина, плашејќи се дека оружјето ќе се користи за да се напаѓаат цели длабоко во внатрешноста. Русија, а со тоа и Германија да бидат вовлечени во војната со Русија.
„Ја охрабрувам Германија сериозно да размисли за тоа“, рече Хакенен.