Тешко до термин и преку страницата на МВР оти дава „ерор“
Страницата на МВР за електронско закажување и натаму со проблеми при обид за добивање на термин. Поедноставена од претходната, со помалку кликови и попрегледна, но сепак, преоптовареноа. Откако се обзнани дека од сега на неа може електронски да се добие термин, почнаа да се појавуваат проблемите поради голем број на обиди.
Кога ќе се внесе матичен број и ќе се избере каква исправа треба да се замени – информациите не се праќаат до МВР бидејќи се појавува „ерор“.
И по неколку обиди, пораката која страницата ја враќа е иста.
Доколку барањето е успешно испратено, тогаш прикажува и таква порака, а операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок.