Скопје

Митевски: Марин стави потпис на проект што пред изборите го нарече еколошка катастрофа

Спротивно на апелите на граѓаните, шверцерски, во екот на ноќта, во текот на вчерашниот ден, со одобрение издадено од Марин, багери и тешка механизација пристигнаа на локацијата кај „Мајчин дом“ и почнаа со градежни активности, рече во денешната изјава за медиуми, Дејан Митевски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром.

При обраќањето Митевски потсети дека Марин пред изборите ветувал повлекување на детаљниот урбанистички план и повеќе зелени површини за Аеродром.

„Состојбата сега е сосема спротивна. Наместо повлекување на ДУП-от, Марин издал и одобрение за градба, со што ставил потпис, како што велеше пред изборите, на еколошката катастрофа за Аеродром и запирањето на струењето на воздухот во општината“, обвини Митевски и додаде дека работењето на локалната самоуправа спротивно на интересите на граѓаните е недозволиво.

Притоа, во име на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, тој поденесе барање за свикување седница на Советот на Општина Аеродром со две точки на дневен ред.

Ќе бараме донесување предлог-одлука за запирање на спроведувањето на детаљните урбанистички планови, и тоа – ДУП за градска четврт И10, кај „Мајчин дом“, и ДУП за локалитетот Црква – УЕ Б „Тобако“, како и донесување предлог-одлука за задолжување на Одделението за урбанизам да изврши ревизија на двата горенаведени урбанистички плана и да го информира Советот на Општина Аеродром“, рече Митевски и повика седницата на Советот да биде закажана набргу што може.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток