Скопје

Тепачка помеѓу ученици на автобуска постојка

Група ученици нападнале соученик од ЕТУЦ на автобуската постојка пред средното училиште.

Според информациите на МВР, вчера околу 11 часот во полиција било пријавено дека на автобуска постојка кај ЕТУЦ „Михајло Пупин“, на улицата Благоја Стефковски во Скопје, имало тепачка помеѓу повеќе лица. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека група од пет до шест ученици од училишптето физички го нападнале Н.С.(18) од Скопје, исто така ученик во училиштето. Еден од напаѓачите бил затекнат на местото и се работи за 16-годишен малолетник од Скопје.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток