Македонија

Спасовски нема вина, ниту има поврзаност незатворањето на техничкиот преглед со несреќата во Буарија, одлучи обвинителката

Ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски не прекршил закони, па обвинителката од ОЈО-ГОКК, Катерина Коларевиќ, која го затворила случајот кој беше покренат против него за „Виа Комерц“. Ова го соопшти шефот на обвинителството, Ислам Абази. Со ова, Спасовски не треба да се плаши од кривично гонење бидејќи има резолуција дека кај него нема вина.

Случајот беше покренет по анонимна пријава. Истрагата покажала дека немало поврзаност помеѓу непотпишувањето на документот за техничкиот преглед и несреќата во Бугарија на автобусот „Беса Транс“. Според нив, вештачењето покажало дека автобусот немал никакви технички проблеми, а со тоа, „Виа комерц“ легално дозволила негова регистрација.

Во овој предмет се испитуваше зошто Министерството за внатрешни работи и министерот Оливер Спасовски со месеци го чувале во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, во која на последна контрола бил и автобусот на „Беса транс“, кој изгоре во Бугарија.

На почеток