Македонија

(Фото) Јане Ченто се појави на Конвенцијата во „Филхармонија“ со поддршка за Силјановска

Јане Ченто, осуден за „27 април“, кој бараше повторување на постапката и правично судење за дело кое го сторил, слободниот викенд од затвор го искористи за да ја посети конвецијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на претседател. Фотографија од Ченто, пред „Филхармонија“ објави Богдан Илиески, член на извршниот комитет на партијата.

Во нивно друштво, на фотографијата е и Борис Дамовски, кој со Илиески, беше предводник на протестите за „За заедничка Маекдонија“. Ченто, Илиески и Дамовски излегоа со поддршка за Гордана Силјановска-Давкова.

Во „Филхармонија“ се одвива Конвенција за избор на кандидат.

На почеток