Свет

Зеленски му даде одврзани раце на генералот, украинската армија е пред голема промена

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски, има „карт бланш“ за сите кадровски промени во армијата и штабовите.

Во видео-обраќање, Зеленски рече дека на почетокот на следната недела, кога Сирски ќе се врати од линијата на фронтот, ги очекува неговите конкретни предлози за натамошни промени во армијата и планираните дејствија, пишува Украинска Правда.

„Сите украински команданти мора да го знаат фронтот, да го почувствуваат фронтот, вистинските потреби, мора навистина да бидат со војниците, наредниците, да бидат такви какви што мора да бидат за да се постигнат украинските цели“, посочи Зеленски.

Сирски во саботата најави кадровски промени меѓу командантите на бригадите чии постапки, според него, претставуваат закана за животот и здравјето на подредените.

На почеток