Медиасет

(Видео) Албанец нокаутиран на дебито во УФЦ: Бразилец го „успива кралот на лавовите“ со ударот на годината

Бернардо Шопај, борец со албанско потекло кој се натпреварува под шведско знаме, доживеа тежок нокаут во своето деби во УФЦ во третата рунда против Винисиус Оливеира од Бразил.

Во две рунди борците беа изедначени, но во третата, на 20 секунди до крајот, Бразилецот го искористи обидот на Шопај да се засолни по два удари во глава, полета и скокна високо, удирајќи го Албанецот десно во брадата со коленото.

Така, дебито на борецот роден во Стокхолм, кој инаку го носи прекарот „Крал лав“ поради големата тетоважа со лав на градите, во УФЦ се случи на прилично поразителен начин.

За Чопај ова беше трет пораз во 14 меча, од кои првиот со нокаут, додека Оливеира стигна до 20-та победа во кариерата (16 со нокаут), со три порази.

Ова несомнено ќе биде еден од кандидатите за потег на годината во УФЦ и ММА, иако третиот месец од 2024 година само што започна.

На почеток