Суперџудо блесна на Државното првенство со седум медали!


Џудо клубот Суперџудо под водство на тренерот Александар Димитријоски повторно ги покажа своите квалитети и спортски дух на Државното првенство за сениори и пионери за 2025 година, во организација на Џудо федерацијата на Македонија.
Дури 14 натпреварувачи од клубот ја претставуваа својата екипа со голема борбеност и страст, а резултатите говорат сами за себе — вкупно седум медали, од кои еден златен, четири сребрени и еден бронзен!
Ова се освоените медали:
Пионери/ки:
Драган Кедиоски — сребро
Стефанија Златаноски — сребро
Кјара Нефовски — сребро
Сениори/ки:
Јорданчо Ѓорѓиоски — злато
Елвир Бајрам — сребро
Сара Петреска — сребро
Давид Тодоровски — бронза
Овие резултати се потврда за континуираната посветеност и напорната работа на клубот Суперџудо. Под водство на тренерот Димитријоски, младите и сениорските натпреварувачи продолжуваат да постигнуваат врвни резултати и да ја промовираат џудо дисциплината во Македонија.
