„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Бронза за Македонија на Светскиот куп „King of Taekwon-do“ во Солун

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Спорт
media-libraryicikl4ejqk8r0rMNR9Y

Македонската Традиционална Таеквондо Федерација оствари значаен меѓународен успех на Светскиот куп „King of Taekwon-do“, кој викендов се одржа во Солун, Грција, каде што учествуваа над 1.400 натпреварувачи од 21 држава. Под водство на националниот тренер Саша Поповски, со поддршка од потпретседателот на МТТФ Зоран Парулески и судијата Христијана Парулеска, македонската репрезентација настапи со тројца натпреварувачи и се врати со историски медал.

— реклама —

Најголемиот успех го постигна Владимир Димитриевиќ во спаринг категоријата сениори до -78 килограми, освојувајќи бронзен медал, кој воедно е и прв медал за МТТФ од Светски куп. И покрај повредата со која настапи поради напорниот натпреварувачки период, Димитриевиќ покажа висок квалитет и борбеност. Во елиминациската фаза го совлада претставникот од Грција, во четвртфиналето беше подобар од натпреварувач од Естонија, а во полуфиналето беше поразен од украинскиот претставник, со што ја заврши конкуренцијата на третото место.

Добар настап имаше и Миа Танеска, која се натпреваруваше во категорија јуниори – црвен појас, форми, каде што конкуренцијата броеше 38 натпреварувачки. Таа се пласираше до четвртфиналето и го освои деветтото место, останувајќи чекор до борбата за медал. Во спаринг категоријата јуниори до +55 килограми, и покрај прикажаната борбеност, беше елиминирана во раната фаза.

— реклама —

Со бронзата од Солун, Димитриевиќ ја заокружува 2025 година во ист стил како што ја започна – со историски успех во сениорска конкуренција. Овој резултат претставува важен исчекор за Македонската Традиционална Таеквондо Федерација и јасен показател за растот и потенцијалот на ИТФ таеквондо спортот во Македонија.

На Светскиот куп требаше да настапи и Даниел Стојаноски, кој за првпат ќе ја претставува МТТФ во категорија кадети до -40 килограми, што дополнително ја потврдува насоката на Федерацијата кон подмладување и континуитет на меѓународната сцена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ifusclsdgrd7rOLJfI

(Видео) Македонскиот бoрец неприкосновен: седми триумф на Славески во БКФЦ, технички нокаут за 94 секунди

Настани | пред 1 месец

Davkova

„Навредите не се навивање“ – Силјановска Давкова со остар став за говорот на омраза на спортските терени

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-04-08-at-20.16.40

Суперџудо блесна на Државното првенство со седум медали!

Спорт | пред 9 месеци

SLIKA-2-EVROPSKI

Со поддршка од Mozzart до златен медал - Даниела Алексовска европски шампион во ММА

Спорт | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања