Македонија

И Шпанија сега знае дека 100.000 граѓани нема да можат да гласаат оти пасошите им се неважечки

„Денес остварив работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија“, објави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски и додава:

„На средбата ги истакнав заложбите за организирање фер и демократски избори и активностите кои треба да се преземат во таа насока. Воедно, како дополнителен проблем, поврзан со изборниот процес, го посочив недостигот на важечки документи на околу 100 000 граѓани кои нема да можат да го остварат своето право на глас.

Со ова, покрај кршењето на основното човеково право за слобода на движење, се крши и правото на глас на овие избори, за што сум особено загрижен.
Амбасадорот Хосе Луис Лосано Гарсија се заблагодари за досегашната богата соработка во сите области, особено во борбата против организираниот криминал и миграциите и изрази уверување дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина. Особено ја истакна шпанската поддршка на патот кон нашето полноправно членство во Европската Унија“.

To Top