Свет

Аналитичар: Да не беше Нетанјаху премиер, ќе беше во затвор

Нетанјаху не се согласува со прекин на огнот во Газа: Ја продолжуваме војната до крај

Политичките аналитичари Ведран Обучина и Божо Ковачевиќ за ХРТ коментираа за ситуацијата на Блискиот Исток и дали има изгледи за примирје меѓу Израел и Хамас во Газа.

Обучина рече дека се надева оти Рамазан ќе донесе мир за жителите на Газа, но тоа зависи од волјата на Хамас и волјата на израелската влада. На прашањето дали има шанси да се постигне мир во Каиро, Обучина рече дека овде, пред се, не станува збор за мир, туку за примирје.

„Тешко е да се очекува мир меѓу Хамас и израелската влада, бидејќи предусловите се присутни и нема компромис од другата страна“, рече тој.

Тој додава дека притисокот на меѓународната заедница на двете страни е голем, но, како што вели, не се работи само за преговори меѓу Израел и Палестина.

„Ова е исклучиво за владата на Бенјамин Нетанјаху, која ги исклучува сите гласови на опозицијата, еврејската емиграција, која е против таквата политика, а исто така и Палестинците зависат од Хамас. За сето ова свој интерес имаат и регионалните сили“, рече Обучина.

Израел одбива да учествува во мировните преговори додека Хамас не ги достави и имињата на заложниците што ги држи, додека Хамас им вели дека не можат да го сторат тоа додека продолжуваат нападите во кои се убиени истите заложници.

„Јасно е дека првата грижа на Израел не се заложниците, исто како што е јасно дека првата грижа на Хамас не се Палестинците. Притисоци има и од двете страни, но американската администрација е во голема неволја“, нагласи Ковачевиќ. Тој додава дека изјавата на Нетанјаху дека нема да се согласи на капитулација значи дека нема безусловно да го прифати она што Америка се обидува да го наметне.

Обучина истакнува дека доколку Нетанјаху не беше премиер, тој ќе беше во затвор. Ковачевиќ смета дека Нетанјаху ги одложува своите одлуки до претседателските избори во Америка. Како што вели, очекува да победи Доналд Трамп, кој ја поддржува десничарската политика на Нетанјаху.

Обучина тврди дека поддршката на администрацијата за Израел е клучна во секое време, без разлика кој ќе победи на изборите во САД.

„Прашање е само колку израелското лоби ќе успее да ги спречи негативните конотации, но јасно е дека Џо Бајден и Нетанјаху не се на исто ниво на разговор и дека не се разбираат“, посочи тој.

На почеток