Македонија

(Фото) Снег во март: Македонија ја зафати ладен бран

На повисоките делови во Македонија преку текот на ноќта паѓаше снег. Веќе има и формирано снежна покривка.

Меѓудругите места, снег има на патот Маврово-Дебар.

Според информациите од возачите, снег има и кон Маврово-Стража.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Буково,Ѓавато,Пресека и Крушево, а со послаб интензитет снег паѓа на Попова Шапка,Дебар и Плетвар.

To Top