Бројот на издадени пасоши во Македонија го зголемивме за 28%, а фотографирани се 75% повеќе граѓани, тврди Тошковски
„Бројките не лажат!“, посочува техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски и додава:
„Со чесен пристап, искрена намера и макотрпна работа, за помалку од еден месец успеавме значително да ги подобриме услугите во делот на издавањето на лични документи, па така бројот на издадени пасоши на ниво на целата држава го зголемивме за 28%, а бројот на фотографирани лица на територија на Скопје каде хаосот беше најинтензивен, го зголемивме за 75%.
Во оваа прилика сакам да упатам апел до оние структури кои во изминатиот период постојано се обидуваа да ја релативизираат нашата работа, да престанат да шират лаги и манипулации и доколку не можат и не сакаат да помогнат во овој процес, најмалку што можат да направат е да не одмагаат“.