Свет

Украинско беспилотно летало нападна складиште за гориво во областа Курск – се најавуваат и посилни удари во Русија

Над 30 дронови се упатија кон Украина: Русите ги таргетираат Одеса, Херсон и Николаев
Фото: Илустрација

Уште едно украинско беспилотно летало нападна складиште за гориво во областа Курск, објави гувернерот Роман Староит.

„Второ украинско беспилотно летало го погоди складиштето за гориво и мазиво на рударско-преработувачкиот комбинат Михајловски во областа Железногорск. Жртви нема, оперативните служби се на терен“, напиша Староит на каналот Телеграм.

Според службите за итни случаи, се запалил уште еден резервоар со гориво, пренесува РИА Новости. За во Русија се најавуваат и нови напади

Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина соопштија дека нивните единици за противвоздушна одбрана уништиле 38 од 42-те јуришни беспилотни летала Шахед кои ја нападнаа Русија во текот на ноќта, пренесува Укринформ.

На почеток