Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Аеродромот во Брисел парализиран: Откажани повеќе од 30 летови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Повеќе од 30 летови на германската авиокомпанија Луфтханза до и од аеродромот Завентем во Брисел меѓу средата навечер и саботата наутро беа откажани поради штрајк на персоналот на Луфтханза.

— реклама —

Откажани се летовите меѓу бриселскиот аеродром и германските градови Франкфурт и Минхен, пишува „Brussels Times“.

— реклама —

„Има шест лета до и од Минхен и 11 лета до и од Франкфурт. Ќе бидат откажани вкупно 34 летови. Не очекуваме да следат дополнителни откажувања“, изјавија за новинската агенција Белга на аеродромот во Брисел.

Протестот најверојатно нема да има последици за филијалата на Луфтханза, Брисел ерлајнс, бидејќи летовите на компанијата до и од Франкфурт и Минхен ќе продолжат според планираното.

— реклама —

На иницијатива на синдикатот Верди, персоналот на Луфтханза денеска во 20 часот ќе започне 60-часовен штрајк.

— реклама —

Луфтханза претходно соопшти дека протестот ќе ги наруши плановите за патување за повеќе од 200.000 патници, на кои ќе им бидат понудени алтернативи или рефундирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd1ssf900d8r6dpQadFk

Бомбашки закани погодија најмалку 21 лет низ Европа, се испитува можна руска поврзаност

Свет | пред 2 дена

— реклама —
avion

Бран дојави за бомби во Европа: авиони пренасочувани, активирани безбедносните служби

Свет | пред 3 дена

media-libraryb7nlifkbu0tg5n9fZhj

Воздушен хаос во Европа по серија дојави за поставени бомби во авиони

Свет | пред 5 дена

media-libraryhsudoq005m9r0vyINfE

AirBaltic прави голема промена во плановите: Флотата од 54 ќе падне на 36 авиони

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања