Македонија

МЗ веднаш има постапено во делот за шест месечната платена пракса на младите лекари, испратено е до Министерство за финансии

„Ве известуваме дека Министерството за здравство веднаш има постапено во однос на Законските обврски што ги има во делот за шест месечна платена пракса на младите лекари кои ќе бидат ангажирани во вакциналните пунктови и во Итната медицинска помош при Здравствените домови на територија на целата држава.

Националната комисија за имунизација во својот заклучок препорачува што побрзо вклучување на младите лекари во процесот на имунизација, односно лекарите кои обавуваат задолжителен стаж по дипломирањето да се вклучат во пребарувањето на невакцинираните деца, нивното повикување, како и евидентирање на вакцинацијата во електронскиот систем, додека пак лекарите кои обавуваат платена пракса по добивање на лиценца дополнително да се вклучат и во спроведувањето на вакцинацијата во оние вакцинални пунктови каде постои потреба од дополнителен кадар, се со цел непречено спроведување на вакцинацијата.

За овој заклучок од Националната Комисија за имунизација министерот за здравство д-р Илир Демири информираше на седница на Владата, по што е испратено до Министерството за финансии и се чека одговор од ДКСК поради предизборниот период“, велат од Министерството за здравство.

На почеток