Албанец од Македонија пукал и ранил жена во Прешево, па се самоубил – српските медиуми со детали
Македонски државјанин прво со огнено оружје ранил жена, а потоа се застрелал
Животот на жената која беше ранета во пукотница на патарина кај Прешево е во опасност, потврдија во ЗЦ Врање.
Станува збор за повреди предизвикани од пукање.
Според информации, пукано е Ј.В. (38) кој е од територијата на Србија.
Мажот (52) кој пукал во неа е македонски државјанин од албанска националност од Тетово.
Како што дознава Телеграф, македонски државјанин прво со огнено оружје ранил жена, а потоа се застрелал.
Тој им подлегнал на повредите, а на пукањето и претходела расправија. Мотивите за обидот за убиство и самоубиство не се познати.