Македонија

Какво време нѐ очекува идните денови – ем топло, ем дожд, ем грмежи

„Како што и претходно кажавме и најавивме, пред нас е топол и релативно стабилен и сув викенд, иако локално можни се сосема слаби врнежи од дожд. Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе се искачат и до 15 степени, во централните и југоисточните предели температурата ќе се искачи и до околу или близу 20 степени“, најавува метео-прогнозерот Славчо Попоски и додава:

Сепак овој викенд ќе засилува јужниот ветер, што ќе биде најава за нова голема промена на времето од понеделник.

Во понеделник и во вторник, и тоа под влијание на нов длабок циклон од Атлантикот ќе има нови обилни врнежи од дожд, проследени со гремежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).

Локално можни се поинтензивни Атмосферски процеси, во форма на невреме, а можна е и појава на град. Остануваат релативно високите температури и покрај очекуваната нестабилност и врнежи.

To Top