Нора Таравари: Сите вие сте совршена причина за некого


Сопругата на Арбен Таравари, кандидатот за претседател на Северна Македонија, Нора Таравари, им го честита празникот 8 Март на жените.
„Пред неколку дена зборував на промотивниот собир на кандидатот за претседател на ВЛЕН, Арбен Таравари, кој е мој сопруг.
Мојот говор беше новост за мене, но се покажа како големо изненадување бидејќи после тој говор добив десетици и стотици честитки. Ви благодарам на сите и денес на 8 март, користам прилика да го направам тоа преку честитка:
Сакам да им честитам на жените: оние кои се постојано на работа и оние кои перат и готват цел ден, оние кои растат деца, а во некои случаи и нивните сопрузи, оние кои се осмелуваат и оние кои штотуку не успеале, оние кои се млади и полни со соништа и оние кои не гледаат иднина,оние чие име се слуша и се аплаудира и оние кои немаат име, а се познати само како нечии сопруги, оние кои се опкружени со благородни мажи…и оние кои се под страшен притисок на насилство, оние кои денес се смешкаат и оние кои се изневерени и не можат повеќе да веруваат, оние кои штотуку родиле дете и оние кои се во последните секунди на надеж…СИТЕ ВИЕ СТЕ СОВРШЕНА ПРИЧИНА ЗА НЕКОГО, НЕКАДЕ ВО ОВОЈ СВЕТ, ПА ЗАТОА КАДЕ И ДА СТЕ…ЗРАЧЕТЕ“, вели Нора Таравари.
