Свет

Зградата се урна како куќа од карти, пожарникарите ги пребаруваат урнатините: Хорор во центарот на Тулуз

Трикатна зграда се урна во текот на ноќта во центарот на Тулуз, а пожарникарите ги пребаруваат урнатините за да се уверат дека нема жртви.

„Специјалисти за пребарување на урнатини и единици за кучиња моментално ја обезбедуваат локацијата и бараат можни жртви“, се вели во соопштението на службата за пожари и спасување на Горна Гарона (SDIS), пренесе Фигаро.

Уривањето на објектот дошло по обилните врнежи од дожд, а на лице место педесетина пожарникари извршиле увид на урнатините на трикатницата.

„Рано утринава дваесет и шест лица беа евакуирани од околните згради, бидејќи уривањето ги ослаби соседните згради. За нив се погрижи градското собрание на Тулуз, кое привремено ги смести во гимназија“, се вели во соопштението.

На почеток