Свет

Пукање во кафуле во Ѓаковица: Три лица повредени, се трага по напаѓачот

Косово бара од Србија да ги предаде напаѓачите бегалци; Вучиќ: „Немаме врска со тоа“
Фото: Илустрација

Најмалку три лица се ранети од огнено оружје во раните утрински часови во Ѓаковица, општина во Југозападно Косово. Портпаролот на полицијата Шеремет Елезај изјави дека повредените се испратени на лекување и дека нивната состојба е стабилна.

Престрелката се случила во кафеана околу 00:10 часот.

„Денеска околу 00:10 часот добивме информација за пукање во кафеана на улицата „Фан Стилијан Ноли“ во Ѓаковица, при што три лица се здобиле со повреди, за кои постои сомневање дека се предизвикани од огнено оружје. Полицијата веднаш реагирала и на настраданите им била понудена лекарска помош, според првите информации нивната здравствена состојба е стабилна“, изјави Елезај.

Тој додаде дека ги водат потребните истражни постапки за расветлување на случајот и апсење на осомничениот.

Исто така, соопштено е дека во консултација со државниот обвинител е покренат случајот „убиство во обид“ и „неовластено поседување, контрола или поседување оружје“, пишува Телеграф.

На почеток