Свет

Голема полициска акција во Турција: Уапсени над 30 припадници на Исламската држава кои подготвувале напади пред изборите

„Турција интензивно ја вооружува Приштина“: подигнато нивото на ризици и закани во Србија

Турската полиција приведе 33 припадници на Исламската држава кои наводно подготвувале напади пред претстојните локални избори во таа земја, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Локалните избори во Турција се одржуваат на 31 март. Припадниците на антитерористичката полиција откриле оружје, пари и документи за организацијата на нападот при рација во градот Сакарија во северозападна Турција, пренесува АП.

„Нема да толерираме терористи. Нашите безбедносни сили ќе ја продолжат својата неуморна борба“, рече Јерликаја.

Оваа група обезбедувала луѓе за учество во воените зони и обезбедувала финансиска поддршка на Исламската држава. и тие оперирале од нелегални џамии и верски училишта, според АП. Во последните 10 години, во Турција се случија неколку напади поврзани со Исламската држава.

На почеток