Свет

Украински дрон навлезе на територијата на Русија: запален магацин со нафта, гори пожар во областа Курск

Голем руски ноќен напад со дронoви
Фото: Илустрација

Украински дрон падна и се запали на територијата на складиште за нафта во областа Курск, соопшти гувернерот Роман Старовојт.

Во објава на Телеграм, тој изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана работат во регионот Курск и дека службите за итни случаи излегле на местото на настанот, пишува весникот „Известија“.

Старовојт претходно изјави дека една жена загинала, а нејзиниот сопруг е повреден во пожар што избувнал во станбена зграда по украинското гранатирање на селото Кулбаки во областа Курск.

Селото е делумно без струја. Курската област се наоѓа на запад од Русија, на границата со Украина.

На почеток