Свет

Украинците го гранатираа Белгород, бројот на загинати се зголеми на 19

Бројот на загинатите во украинското гранатирање на Белгород, на западот на Русија, се зголеми на 19, а 27 лица се повредени, изјави денеска началникот на Белгородската област Вјачеслав Гладков.

Тој изјави дека 15 лица загинале вчера при уривање на погодениот влез на катната зграда, дека уште три лица загинале во синоќешното гранатирање и дека една жена која беше повредена во гранатирањето на 11 мај починала, пренесува РИА Новости.

Во Белгород вчера неколку пати беше најавувана воздушна опасност. Регионот Белгород се наоѓа на западот на Русија, на границата со Украина.

На почеток