Скопје

Скопјанец се обидел да изведе филмско бегање среде скопски Орман, откако бил запрен од полиција

Фото: Илустрација

На 11.03.2024 во 14.00 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.С.(48) од с.Блаце, скопско.

Околу 13.20 часот во с.Орман, скопско, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал Љ.С., а кое било натоварено со огревно дрво.

Набргу, на местото пристигнало уште едно лице со патничко возило „форд галакси“, по што истоварило дел од дрвата во возилото „голф“, ги зело клучевите од Љ.С. и го напуштило местото.

При обид да го спречат, Љ.С. ги попречувал полициските службеници, по што и тој се обидел да побегне со возилото „галакси“, но бил лишен од слобода. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На почеток