Македонија

Одложени 86. и 88. седница во Собранието на Македонија

Собраниските седници 86. и 88 кои беа закажани за денес се одложуваат. Причината е поради отсуство на дел од пратениците кои се на службени патувања.

На 86 седница требаше да продолжи расправата за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај оваа точка, на дневниот ред на 86. седница беше расправата за предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт, предлог законите за услуги, за тутун, производи од тутун и сродни производи, за слободен пристап до информации од јавен карактер, за акцизите, сите во прво читање.

На 88. седница на Парламентот требаше да се расправа за Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, во второ читање и дополнетите предлог закони за прекршоци и за управни спорови, исто така во второ читање.

На почеток