Македонија

Ескобар:Северна Македонија треба да биде целосен и итен кандидат за ЕУ

Габриел Ескобар: Не е точно дека САД не сакаат Срби во новата влада на Црна Гора

Американскиот заменик помошник државен секретар, Габриел Ескобар, изјави дека САД го охрабруваат дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, којшто треба да остане заснован на факти и базиран на обврската дека Северна Македонија и натаму ќе има перспектива во ЕУ.

,,Добивме уверување од Бугарија дека тие сакаат Северна Македонија да биде членка на ЕУ. Треба да ја искористиме предноста на овие можности, бидејќи Северна Македонија треба да биде рамноправен кандидат за членство во ЕУ. Верувам дека имаме сигурност од Бугарија дека тие сакаат Северна Македонија да биде дел ид ЕУ.Сакаме да ги искористиме тие можности затоа што Северна Македонија треба да биде целосен и итен кандидат за членство во ЕУ”, рече денеска Ескобар на онлајн брифинг со новинарите пред неговата посета на Приштина, Виена и Подгорица.

САД очекуваат и Владата што ќе дојде по изборите да биде посветена на НАТО, ЕУ и борбата против корупцијата.

На прашање дали Предлог-резолуцијата на американскиот Сенат со која се бара отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со земјава без дополнителни билатерални услови, претставува промена на позицијата на САД во однос на промената на Уставот, Ескобар нагласи дека и Северна Македонија и Бугарија се важни членки на НАТО и сојузници на Вашингтон, па затоа американската администрација сака мирно разрешување на сите прашања.

Ескобар кој утре ќе допатува во Приштина истакна дека овојпат нема да го посети Скопје, бидејќи не сака посетата да се протолкува како мешање во внатрешните работи пред изборите.

To Top