Македонија

Спасовски: Во Македонија нема ниту еден случај на убиство пореди вадење на органи

Уште еднаш најостро ги демантирам дизинформациите во кои се злоупотребуваат случаите на исчезнатите лица. Ги отфрлам шпекулациите за наводни киднапери и препордажба на човечки органи. Тоа се лаги и дезинформации, изјави Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.

„Со вакви лаги се наштетувате и на општеството и на граѓаните. Нема случаи на киднапирање ниту пак на лицата кои во последните неколку случаи си го одземаа животот им недостигале органи. Тоа го потврди и судска медицина. Во Македонија нема ниту еден случај на убиство пореди вадење на органи.

Апелирам граѓаните да бидат спокојни и да не наседнуваат на овие лаги. Неточни се информациите дека расте бројот на исчезнати лица. Напротив стратистичките податоци покажуваат дека и ова е лага. Во 2018 имало 370 пријавени исчезнати лица, а во 2014 имало 574 лица.

МВР е транспарентна институција. Редовно објавуваме се што се случува и тоа го има на нашата веб страна и на социјалните мрежи. Секој граѓанин може да ја провери информацијата која се пушта во јавноста.

Во последниве 5 години пронаоѓањето на исчезнатите лица се реализира со 94%, но ние работиме за да дојдеме до 100%.

Како родител сочувствувам со секој родител чие дете е исчезнато и ги уверувам дека овие истраги се третирраат со целосна сериозност и посветеност“, вели Спасовски.

На почеток