Македонија

Скандалозна одлука на Владата за поништување на мои 5 наредби, тврди министерот Тошковски

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски преку социјалните мрежи реагира на вчерашната одлука на Владата со која биле поништени пет наредби донесени од негова страна. За него оваа одлука на Владата скандалозна и спротивна на законите.

,,Имено, една од петте поништени наредби се однесува на работник во Министерството за внатрешни работи кој се упатува да извршува работни задачи во управните служби во Ново Село каде се соочуваме со кадровски дефицит во делот на издавањето на лични документи, а со ваквата одлука на Владата практично се доведува во прашање функционирањето на оваа организациска единица, односно издавањето на лични документи на граѓаните на оваа Општина.

Останатите четири наредби се однесуваат на советници од мојот кабинет со кои им се даваат конкретни насоки за постапување, а со нивното поништување исто така се влијае на работата на Министерството на највисоко ниво кое во претстојниот период треба да биде гарант за спроведување на мирен и демократски изборен процес”, напиша министерот Тошковски.

На почеток