Свет

Столтенберг: Ова е критичен момент. Украина треба да биде снабдена со оружје и муниција

Столтенберг: Постои реален ризик Путин да не застане на Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска повторно повика да и се снабди Украина со оружје и муниција што е можно поскоро, бидејќи секој ден одложување има реални последици на бојното поле. „Сите сојузници треба да гребат длабоко и брзо да испорачаат. Секој ден одложување има реални последици на бојното поле во Украина“, рече Столтенберг.

„Ова е критичен момент и би било тешка, историска грешка да се дозволи (рускиот претседател Владимир) Путин да надвладее. Не можеме да дозволиме авторитарните лидери да се пробијат преку употреба на сила, тоа би било опасно за сите нас. “ додаде тој додека го презентираше годишниот извештај за 2023 година.

Нагласувајќи дека членките на НАТО заедно имаат капацитет да ја снабдат Украина со неопходното оружје и муниција, Столтенберг вели дека сега е неопходно да се покаже политичка волја за тоа.

НАТО обезбеди 99 отсто од вкупната воена помош за Украина минатата година и продолжува да дава невидени нивоа на помош, вклучувајќи артилерија, муниција, тенкови и оклопни возила, патролни чамци, противвоздушна одбрана, хеликоптери, беспилотни летала и, за прв пат, радари. Беа испорачани и ракетни системи со долг дострел, а сојузниците се согласија да испратат авиони Ф16.

„Невидената помош од сојузниците во НАТО и помогна на Украина да опстане како суверена, независна држава, но тоа не е доволно. На Украина сега и е потребна поголема помош. На Украинците не им недостасува храброст, им снемува муниција“, рече Столтенберг. Тој додаде дека поддршката за НАТО е исклучително силна од двете страни на Атлантикот.

На почеток