Свет

Позитивно сум ги изгласал точките за ослободување од плаќање комуналии за изградба на училишта, врати Трајановски на ВМРО-ДПМНЕ

„Жалам што и Вашиот медиум одлучи да биде пропагатор на лажните вести лиферувани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, без притоа да ги проверите информациите или да побарате и став од другата страна. Вистината е спротивна на лиферуваната лажна вест од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а доколку ја гледате и снимката од преносот на седницата на Советот на град Скопје, јасно ќе забележите дека наведените точки кои беа ставени на гласање на денешната седница на Советот на град Скопје, а кои се однесуваат на ослободување од плаќање на комуналии за изградба и реконструкција на училишта, градинки и спортски сали сум ги изгласал позитивно.

За жал, фабриката за лаги на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го затскрие нивниот срам со лиферување на вакви манипулации и лажни вести. Тие се срамат да признаат дека овие проекти за кои гласаа денес се финансирани од Владата предводена на СДСМ, благодарение на неспособноста на градоначалниците во општините на град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Непринципиелната коалиција СДС-ДПМНЕ сепак, нема да успеат да ја покријат со ширење на лажни вести.

Барам од Вашиот медиум во целост да го објави овој демант, лажната вест да ја отстрани и да се извини поради непочитување на обврската за целосно и вистинито информирање на јавноста со обезбедување на став и од втората спомената страна. Во спротивно, ќе бидам приморан вистината да ја барам пред надлежните судски инстанци“, вели Александар Трајановски.

На почеток