Силјановска е продолжена рака на ДПМНЕ, со нив нема надеж за подобро утре, велат од СДСМ
,,Гордана Силјановска е продолжена рака на ДПМНЕ. Изминатите четири години, како пратеничка во Собранието, Силјановска покажа дека е за изолација, затвореност и безнадежност, кои се главна карактеристика на Белата палата.
Нејзиниот избор би значел враќање назад и оддалечување од патот кон Европската Унија. Со Мицкоски и Силјановска нема надеж за подобра иднина, со нив државата ќе изгуби уште една деценија заглавена на патот кон Брисел.
Граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, а знаат дека тоа нема да го добијат со Силјановска. Затоа ќе излезат на избори и ќе одлучат во каква држава сакаат да живеат. Едниот избор е СДСМ и Стево Пендаровски за Македонија како рамноправна и просперитетна членка на ЕУ, а другиот избор е ДПМНЕ и Силјановска за изолирана и затворена држава без надеж за подобро утре”, се вели во соопштението на СДСМ.