Најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија
Во Берово, Лазарополе и Попова Шапка утрово е регистрирано најстудено време– 3 степени, а најтопло во Гевгелија пет степени.
Како што соопшти УХМР, -2 степени се измерени во Маврови Анови, 0 во Крива Паланка, 1 во Скопје-Петровец, Тетово, Штип, Демир Капија, Струмица, Крушево, два во Претор, Виница и Куманово, три во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Битола, Прилеп, Велес и Кавадарци.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец Максималната температура ќе биде од 12 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко.
Максималната температура ќе достигне 17 степени.