Македонија

30 борци од Македонија загинале во борбите со руските сили

Украинците кои живеат во странство се повикани во војска: ако одбијат, им се закануваат казни

Руското Министерство за одбрана објави вкупен број на странски борци кои војуваат на страната на Украина и број на вкупно загинати. Според податоците што ги прикажуваат руските власти, 30 од 90 борци од Македонија загинале во борбите со руските сили. Нема податоци дали и колку лица од Македонија евенетуално се борат на руска страна.

„Почнувајќи од 24 февруари 2022 година, вкупно 13.387 странски платеници пристигнаа во Украина за да се борат за неонацистите“, наведе руското МНР и објави табела по континенти и одделно за секоја земја од светот која, според наведеното, има платеници во Украина.

На таа табела пишува дека на украинска страна од тој датум, 24 февруари 2022 година, биле регистрирани 90 лица од Македонија, а дека 30 се „елиминирани“.

Македонските власти сеуште немаат објавено податок за тоа  дали и колку македонски државјани се вклучиле во оваа војна.

Најмногу „платеници“ има од Полска, близу три илјади, од кои половината – 1.497 ги загубиле животите на фронтот. После Полска следуваат САД, Канада, Грузија и Обединетото Кралство, а процентот на загинати  се движи од 40 до 50 отсто.

Од нашиот регион, најголем број борци се од Хрватска – 332, од Босна и Херцеговина – 207, од Албанија – 192, од Косово – 191, потоа следува Македонија со 90 лица, од Бугарија – 32, од Грција – 4 и од Србија е наведено само едно лице дека се приклучило на украинските сили.

Според податоците кои ги објави рускот МНР, вкупно на украинска страна имало 13.387 странски борци од кои 5.962 загинале.

To Top