Македонија

Агелер укажа дека знае за притисоци врз судии: Тоа е нешто што мора да престане!

Амбасадорката Анџела Агелер алармираше да се почитува независноста на судиите за кои рече: „треба да бидат слепи на политичките влијанија и јавните мислења“. Таа посочи дека американски уставен суд, смета дека Уставот не е напишан во песок за да се измие со секој бран од нови судии, кои се под влијание на политички бранови.

„Притисокот кој е ставен на судиите во овие судови може да биде огромен, ние како граѓани инсистираме тие притисоци да бидат елиминирани, а нашите судии секогаш да бидат независни без разлика на нивните лични мислења. Од аспект на престојните избори, судската независност е од суштинско значење како и секогаш досега, само независни судии, може да го запазат владеењето на правото и да ги заштитат правата, судиите мора да делуваат објективно и правично“, кажа Агелер.

Посочи дека има чуено за притисоци врз судиите и судската власт.

„Притисоци врз судксата власт во Северна Македонија е нешто што мора да престане, судиите мора да бидат ослободени за да го практикуваат правото. Граѓаните го бараат тоа“, додаде таа.

На почеток