Македонија

Како од филм, среде улица: пукање во Куманово, па кражба на илјадници евра – возилото на криминалците е најдено запалено

Фото: Илустрација

Возрасен кумановец остана без илјадници евра кој ги носел во торба, откако, четири лица со „Ренџ ровер“ удриле во „пасатот“ во кој биле парите, па потоа и пукале во возачот. Полицијата потврдува дека возилото со кое биле одземени, неофицијално, над 150 илјади евра, било најдено запалено. Според извори од МВР, жртвата е сопственик на менувачница

„Денеска во 20:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Доне Божинов“ во Куманово патничко моторно возило „Ренџ Ровер“ со скопски регистарски ознаки удрило во патничко моторно возило „пасат“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.С. (63) од Куманово. При што неколку лица пукале кон возачот на патничкото моторно возило „пасат“ и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле патничкото моторно возило ‘Ренџ Ровер’“, вели СВР Куманово.

Ограбениот е повреден и беше однесен во болница.

На почеток