Македонија

(Видео) Кејот во Струга во очајна состојба: пропаѓаат плочите сосе потпорниот ѕид

Струшкиот кеј околу Охридското Езеро е во очајна состојба и оставен во заборав на времето. Плочките пропаѓаат, а потпорните ѕидови се одронуваат во Езерото. На местото била поставена и лента за да се заштитат минувачите и да се спречи несреќа, која сега е тргната.

Пропаднатиот мермер, не само што ја нагрдува сликата за Струга, туку и претставува опасност. Засега нема најава од струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за санација.

Стружани сметаат дека час поскоро треба да се реши ова, особено пред летната сезона – бидејќи е срам за градот.

На почеток