Македонија

Со куп екстази се шетал по улица во Кавадарци: уапсено 23-годишно момче

На 16.03.2024 во 21.00 часот на улица „Гоце Делчев“ во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ј.Ф.(23) од Кавадарци. При прегледот кај него биле пронајдени и одземени 100 таблети екстази.

По издадена наредба од Основен суд Кавадарци бил извршен и претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени 33 таблети екстази и пари. Ј.Ф. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток