Македонија

Возач со „Сеат ибица“ излета од патот кај Виница, повредени се и тој и сопатничката

Фото: Илустрација

На 16.03.2024 во 23.24 часот било пријавено дека регионалниот пат Виница–с.Смојмирово патничко возило „сеат ибица“ со штипски регистарски ознаки управувано од Н.А.(44) од с.Грдовци-кочанско излетало надвор од коловозот.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Е.А.(34) од с.Грдовци-кочанско констатирани во Општата болница Кочани“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

На почеток